Во Германија расте расколот околу противниците и поддржувачите на антируската политика на Вашингтон, пишува The Wall Street Journal.
Изданието цитира висок претставник од европската служба за безбедност, според чии зборови САД ѝ дозволуваат на Германија самостојно да носи решенија околу тоа каква политика ќе применува кон Русија, со тоа што Вашингтон внимателно ги следи истите и „јасно ги формулира основните принципи“, изјави чиновникот. Тие се сведуваат на едно: имено Русија „е единствен“ виновник за украинската криза, забележува WSJ.
Имено во тоа, според зборовите на авторот на статијата, се содржи и проблемот: Германија не може да се реши дали да ја поддржува таквата политика околу украинската криза. Политиката на Берлин кон Вашингтон и Москва може да се карактеризира како „ниту ваму, ниту таму“, пишува WSJ.
Весникот додава дека додека федералната канцеларка Ангела Меркел дава изјави користејќи остар тон кон Русија, обвинувајќи ја за дестабилизација на државите од Источна Европа, шефот на германската дипломатија Франк-Валтер Штајнмаер покажува „сосема спротивна тенденција“, која, според WSJ, продолжува да јакне.
Доказ за тоа, според весникот, е предлогот на Штајнмаер за создавање механизам за соработка меѓу НАТО и Русија. „Земајќи го предвид тоа што Меркел е насочена и кон изборите во 2017, тешко дека ќе посака да се кара со нејзиниот коалиционен партнер“, пишува WSJ.
Освен тоа, федералната канцеларка на Германија тешко дека ќе сака да се спротивставува и понатаму на сѐ поголемата група приврзаници на мислењето дека Берлин премногу попушта пред Вашингтон.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче