Совет за Безбедност на РФ: воената доктрина на Русија не вклучува превентивен воен удар

Висок претставник во Советот за Безбедност на Русија изјави дека не постои член со кој се овозможува превентивен нуклеарен удар од страна на Русија во новата воена доктрина.

Новата воена доктрина на Русија ќе биде донесена до крајот на годината, но во неа, како и во сегашната воена доктрина, не се предвидува превентивен нуклеарен удар, изјави за РИА Новости висок претставник од Советот за Безбедност на РФ.

Вака тој ги коментираше соопштенијата од некои медиуми дека не е предвидено нанесување превентивен нуклеарен удар врз противникот во новата воена доктрина.

„Ваков член во нашата сегашна воена доктрина нема, а нема да има ниту во новата“, изјави изворот за РИА Новости.

Во член 22 од сегашната Воена доктрина (донесена на 5 февруари 2010 година) се кажува: „Русија има право да примени нуклеарно оружје како одговор на применетото нуклеарно оружје против неа и (или) нејзините сојузници, како и во случај на агресија против Русија со примена на конвенционално оружје, кога во опасност се става постоењето на самата држава“.

Решението за примена на нуклеарно оружје се носи од претседателот на Русија, се забележува во документот.

Според соговорникот од Советот за Безбедност, во новата доктрина само ќе се променат одредени надворешнополитички фактори, а никакви други суштествени промени не се предвидени.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.