Третата стратешка нуклеарна подморница од типот „Бореј“ (проект 955) влезе во составот на Воената морнарица на Руската Федерација, соопшти извор од руските Вооружени сили. „Во бродоградилиштето ’Севмаш’ е потпишан документ за примопредавање на подморницата ’Владимир Мономах’ на државната комисија“, изјави неименуваниот извор, додавајќи дека церемонијата била затворена за претставниците од медиумите, пренесува агенцијата ТАСС.
![]() |
Графикон: Проект 955 „Бореј“ |
Морнарицата ја презеде во својот состав подморницата која одговара на сите карактеристики кои се наведени во договорот склучен меѓу Министерството за одбрана и компанијата, објасни изворот.
Официјалната церемонија на подигнување на Андреевското знаме на оваа подморница ќе се одржи на 19 декември. Според традицијата, подморницата не се смета за примена во борбениот состав на Морнарицата додека не биде подигнато знамето.
Подморницата „Владимир Мономах“ успешно ги помина сите етапи на фабричките и државните тестирања, а на 10 септември изврши лансирање на интерконтинентални балистички ракети „Булава“ на полигонот Кура на Камчатка.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче