НАТО ја обвинува Русија за „нетранспарентност во нејзините намери“

НАТО смета дека Русија не си стои на зборовите.

Портпаролот на претседателот на Воениот комитет на НАТО капетан Ден Терманзен на конференцијата за печатот изјави дека НАТО ја интензивира својата воена активност во близина на руските граници поради „ниското ниво на транспарентност на руските намери“.

На Русија и на НАТО им требаат правила за коегзистенција

„НАТО ја интензивираше заштитата на сојузниците поради групирањето руски трупи вдолж границата со Украина, давање поддршка на сепаратистите во Украина и незаконското приклучување на Крим“, изјави Терманзен. Исто така тој додаде дека овие мерки се преземени како „реакција на ниското ниво на транспарентност на руските намери, особено затоа што зборовите не секогаш одговараат на делата“, пренесува РИА Новости.

Портпаролот на Воениот комитет на НАТО изјави дека на средбата во октомври министрите за надворешни работи на членките на Алијансата одлучиле да го задржат долгорочното присуство на НАТО во источниот дел од блокот за да се гарантира безбедноста на сојузниците.

Одговарајќи на прашањето на новинарите дали НАТО чувствува одговорност поради тоа што Украина станала извор на нестабилност, Терманзен изјави дека „НАТО е единствен во својата поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во рамките на нејзините меѓународно признати граници“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња