Најновиот противвоздушен систем С-500 ќе биде вклучен во противракетниот систем на Москва

Почетокот на работа на новиот систем е планиран во 2017 година.

Најновиот противвоздушен систем С-500 ќе биде споен со московскиот систем за противракетна одбрана А-135, пренесува РИА Новости, повикувајќи се на јубилејното издание посветено на јубилејот од создавањето на рускиот систем за ПВО.

„Во иднина планирано е С-500 да се спои со обединетиот руски систем за противракетна одбрана А-135, кој ја заштитува Москва и делови од Централниот регион на државата“, се кажува во зборникот.

Според податоците, почетокот на работа на новиот систем е планиран во 2017 година.

Противвоздушните системи С-500 ќе започнат да се испорачуваат во руската армија од 2016 година. С-500 е способен да открива и истовремено да уништува до 10 балистички цели кои летаат со брзина од 7 километри во секунда, како и борбени глави на суперсонични крилести ракети. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња