Медведев: сѐ уште има време за диверзификација на економијата

Шефот на руската влада Дмитриј Медведев изјави дека сѐ уште не е пропуштено времето за да се изврши диверзификација на руската економија.

Шефот на руската влада Дмитриј Медведев изјави дека сѐ уште не е пропуштено времето за да се изврши диверзификација на руската економија. Тој напомна дека за тоа ќе треба да поминат доста години, бидејќи четириесет години досега економијата на Русија зависи од нафтата.

„Секако, не е изгубено сѐ и има време, но треба да се знае дека за создавање на таква економија, односно, за да се изврши диверзификација на економијата, ќе бидат потребни не една, две, три, туку веројатно десет, а можеби и повеќе години. Четириесет години живеевме во услови кога нашата економија во целост зависеше од нафтата“, изјави Медведев во интервју за руските телевизиски канали. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња