Светската банка предвиде пад на руската економија во 2015

Организацијата изјави дека Русија би можела да избегне рецесија во 2015 година доколку цената на нафтата надмине 85 долари за барел.

Светската банка предвиде дека економијата на Русија во 2015 година ќе падне за 0,7%, но предупредува дека намалувањето на економскиот раст може да биде поголемо доколку цените на нафтата продолжат да паѓаат, пренесува France-Presse.

Регулаторот појасни дека прогнозата е основана на предвидување според кое се очекува средната цена на нафтата да изнесува 78 долари за барел во 2015 година. Сепак, ако цената на нафтата падне до 70 долари за барел, тогаш падот на руската економија би изнесувал 1,5%.

„Според основното сценарио, инвестициите во Русија ќе паѓаат трета година по ред поради економската несигурност, ограничениот пристап до меѓународните финансиски пазари за руските компании и банки, како и поради намалувањето на потрошувачката“, се појаснува во прогнозата на Светската банка.

Организацијата изјави дека Русија би можела да избегне рецесија во 2015 година доколку цената на нафтата надмине 85 долари за барел. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња