![]() |
Панцир-С |
На Крим во последниве 30 дена со помош на противвоздушните системи „Панцир“ се соборени неколку украински беспилотни летала, пренесува РИА Новости, повикувајќи се на извор во Министерството за одбрана на Крим.
„Врз целите е пукано од системот ’Панцир’“, изјави изворот.
Според податоците од изворот, беспилотните летала навлегле во воздушното пространство на регионот со цел вршење извидување и откривање на местоположбата на ПВО единиците.
„Откако е откриено, беспилотното летало се следи. Ако тоа навлезе подлабоко во нашата територија кон воените објекти, истото веднаш се соборува“, забележа изворот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче