Германската канцеларка Ангела Меркел на седницата на својата партија го потврди остриот политички курс кон Москва, пишува „Дојче Веле“.
Според нејзините зборови, врз Москва и понатаму ќе се врши силен притисок. „Ние нема да го решиме проблемот ако истиот не го именуваме“, истакна Ангела Меркел.
Таа нагласи дека политиката која европските официјални лица ја спроведуваат кон Руската Федерација има за цел зачувување на територијалната целосност на Украина. Претходно германската канцеларка изјави дека мерките кои ЕУ ги презела против Русија се оправдани.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче