Американскиот весник The Washington Post направи споредба на погледите на граѓаните на САД за Русија и Русија за САД. Како основа за споредбата се земени неодамнешните анкети на Pew Research и Gallup.
Одговарајќи на прашањето дали владата на САД ги почитува личните слободи, 63% од Американците и 47% од Русите одговориле потврдно. Како што забележува весникот, во 2013 година сличен одговор дале 69% од жителите на САД и 67% од Русите. Наглото намалување на вториот показател е поврзан со украинската криза и откривањето на мрежата за шпионирање на ЦИА.
Погледите на Русите за САД и Американците за Русија сега се далеку понегативни од било кој момент во последниве 10 години, пишува весникот. Ако во 2002 година позитивно мислење имале барем 60% од граѓаните на двете држави за спротивната страна, денес истиот показател изнесува 40% во САД за Русите, а само 20% во Русија за Американците.
Освен тоа, весникот забележува дека во Русија рејтингот на Путин расте, додека рејтингот на Обама во САД паѓа.
Исто така, се забележува дека 65% од Американците се задоволни од својот живот, а во Русија тој показател изнесува 43%.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче