Во Москва ќе се одржи изложба на Глигор Чемерски: „Случки и знаци на земјата македонска“

Македонски уметник со изложба во Москва.

Руската академија на уметности, Амбасадата на Република Македонија во РФ, Министерството за култура на Република Македонија, Македонската академија на науки и уметности и Галеријата Gral во салата на Галеријата на уметноста во Москва ќе ја претстават изложбата на познатиот уметник, графичар, мозаичар, член на Македонската академија на науки и уметности, почесен член на Руската академија на уметности Глигор Чемерски - „Случки и знаци на земјата македонска“.

Глигор Чемерски е роден во 1940 година во Кавадарци. Образованието го завршува во Скопје, а уметничкото образование го добива во Белградската академија за уметност во 1965 година. Од 1969 до 1970 година како државен стипендист тој студира во Париз, по што се задржува во францускиот главен град каде активно работел и ги излoжувал своите дела во Galerie du Fleuve.

Во 1962 година во Скопје се одржа неговата прва лична изложба, а по неа следувале уште триесет изложби во многу градови во Југославија и Македонија, како и во градовите во Европа и Америка.

Во своите дела Чемерски ја воскреснува судбината на македонскиот народ, прикажувајќи ги драматичните случувања во историјата на земјата кои нашле свое место во расказите и легендите. Извор за неговата мотивација и инспирација се делата на старите фрескописци кои ги украсуваат средновековните македонски цркви.

Во рамките на изложбата ќе биде претставена ретроспектива на неговите дела создадени во минатите децении, околу 50 уметнички дела од различни тематски области. Неговите дела веќе се наоѓаат во Музејот на Ватикан, во Светската банка во Вашингтон, LHB Internationale Handsbank во Германија, Музејот на современа уметност, Националната галерија, Парламентот на Република Македонија, Музејот на современа уметност во Белград, Универзитетот Кирил и Методиј во Софија, Музејот на уметноста во Фејствил, САД и во други приватни колекции во многу градови во Европа и САД.

Изложбата ќе биде отворена за посета од 10 декември 2014 до 11 јануари 2015 година. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.