Портпаролот на амбасадата на САД во Русија Вилијам Стивенс изјави дека САД не сакаат промена на руското раководство, пренесува „Интерфакс“.
„САД не сакаат да предизвикаат промени во руската влада, туку вршат притисок со цел да се промени политиката на Русија“, изјави Стивенс, коментирајќи ја изјавата на заменикот министер за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков.
Стивенс ги цитираше и зборовите на државниот секретар Џон Кери, кој минатата недела изјави дека „САД и државите кои го поддржуваат суверенитетот на Украина не сакаат конфронтација со Русија. Ние не сакаме да ја видиме Русија изолирана поради сопствените дејства“.
Претходно заменикот министер за надворешни работи на Русија Сергеј Рјабков даде интервју во кое соопшти дека САД отворено изјавуваат дека сакаат да ја променат власта во Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче