Политиколог: САД во плановите за државен преврат во Русија не ја зедоа предвид популарноста на Путин

Според него, кризата во Украина е само причина плус за да се изврши притисок врз Русија.

Цел на американските санкции е промена на власта во Русија, изјави заменикот министер за надворешни работи на РФ Сергеј Рјабков. Политикологот и новинар Борис Межуев во целост е согласен со тоа мислење, но е уверен дека САД нема да успеат да направат државен преврат во РФ.

Во понеделникот во Државната дума заменикот министер за надворешни работи на Русија Сергеј Рјабков изјави дека САД не кријат дека имаат намера да ја променат власта во Русија. Според неговите зборови, „зад нивните намери тие формално декларираат дека сакаат да ја промениме позицијата околу Украина и практично не ги кријат задачите за создавање социјално-економски услови за промена на власта во Русија“.

„Сметам дека реален мотив за санкциите  е удар врз определени групи, кои понатаму треба да извршат влијание за промена на режимот, заминување на Путин и промена на политичката елита. Тоа е очигледно. Компетентни луѓе кои се поврзани со американскиот естаблишмент веќе зборуваа дека американските политички елити го скенирале општественото мислење за прашањето како е можно економски да се влијае врз руската елита со цел да се промени власта“, изјави за радио „Спутник“ Борис Межуев.

Притоа, според него, кризата во Украина е само причина плус за да се изврши притисок врз Русија.

„Украина само стана изговор. Притисокот ќе дојдеше без разлика на условите. Украина само ја забрза таа ситуација. Дури не сметам дека американската страна, а уште помалку европската - беше за тоа подготвена. Освен тоа, развојот на ситуацијата е забрзан од изборите во САД и влијанието на Конгресот, кој зазема уште порадикална антируска позиција од самата администрација на САД“, смета експертот.

Но, како што смета Борис Межуев, САД не ја земаат предвид популарноста и значењето на рускиот лидер за рускиот народ. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња