ЕУ и НАТО ќе започнат истрага поради „заканата“ од руските авиони

Резултатите од истрагата ќе бидат познати пролетта следната година.

Европската унија и НАТО иницираа истрага поради заканите кои можат да ги нанесат руските воени авиони на цивилната авијација, пренесува ТАСС повикувајќи се на директорот на Европската агенција за воздушна безбедност, Патрик Ки.

„Ова е многу сериозно. Ќе извршиме консултации со цивилните и воените структури за да ја собереме потребната информација“, изјави Ки.

Резултатите од истрагата ќе бидат познати пролетта следната година.

Претходно НАТО изјави дека пресретнал дури 400 руски ловци во 2014 година. Генералниот секретар на организацијата Јенс Столтенберг изјави дека руските воени авиони претставуваат опасност за цивилната авијација во Европа. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња