Амбасадорот на САД во Украина: Русија не презема ништо за да се укинат санкциите

Москва засега не направи ништо за да ги убеди САД да ги укинат или намалат антируските санкции, изјави амбасадорот на САД во Украина.

Москва засега не направи ништо за да ги убеди САД да ги укинат или намалат антируските санкции, изјави амбасадорот на САД во Украина Џефри Пајет, а пренесува РИА Новости.

„САД засега немаат повод за ослабување на санкциите кон Русија. Само целосната имплементација на минските протоколи ќе биде мотив тоа да се промени. Русија треба да ги повлече своите војници и техника, да ѝ даде на Украина контрола врз сопствените граници кои се признати од меѓународната заедница... Русија засега ништо од тоа нема направено“, изјави Пајет.

Според неговите зборови, САД не го признаваат „анектирањето на Крим“ и сметаат дека „Крим, вклучувајќи ги и територијалните води - е дел од Украина“.

Претходно ЕУ и САД воведоа санкции против неколку физички лица и компании, како и против цели сектори од руската економија. Како одговор на тоа Русија го ограничи увозот на производи од државите кои воведоа санкции кон неа. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња