Русија забрани увоз на овошје и зеленчук од Албанија

Федералната ветеринарна и фотосанитарна инспекција на РФ воведе привремена забрана за увоз на овошје и зеленчук од Албанија.

Федералната ветеринарна и фотосанитарна инспекција на РФ воведе привремена забрана за увоз на овошје и зеленчук од Албанија откако беа откриени обиди преку оваа земја да се извезуваат различни видови производи во ЕУ и Русија.

Како забранетите производи доаѓаат во Русија

Забараната се однесува на сето овошје и зеленчук кое се извезува од Албанија или од трети земји преку Албанија. Инспекцијата објасни дека за време на испораката на овошјето и зеленчукот од Албанија во Русија се откриени фалсификувани потврди за фитосанитарната исправност на производот. Освен тоа, албанската страна не ги доставила потребните документи и не презела мерки за спречување на ваквите испораки, пренесува РИА Новости.

Претставникот на прес-службата на руската фитосанитарна инспекција изјави дека албанската страна испорачала 21 потврда за фитосанитарната исправност, од кои 20 биле фалсификати. „Поради тоа, заклучивме дека Албанија користи производи од ЕУ за пренесување во Русија, чиј извоз кај нас е забранет“, додаде претставникот на инспекцијата. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња