Првиот руски пилотиран лет на перспективниот вселенски брод од новата генерација (ПТК-НП) е планиран за 2028 година, се кажува во проектот на долгорочната програма за освојување на вселената, пренесува ТАСС.
„Засега се планира ’Енергија’ да започне со тестови на новиот вселенски брод на орбита околу Земјата во 2024 година. Првиот пилотиран лет на новиот вселенски брод кон Месечината се планира да се изврши во 2028 година“, се кажува во документот.
Проектот предвидува до 2028 да биде подготвена месечевата програма со помош на пилотирани и автоматски средства околу орбитата на Земјата, како и со помош на Меѓународната вселенска станица.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче