Шефот на комитетот во Државната дума за меѓународни односи Алексеј Пушков смета дека претседателката на Литванија Далја Грибускајте не се разбира од прашањата околу гасот. Ова тој го објави во порака на Твитер.
„Претседателката на Литванија изјави дека за неколку години ’Гаспром’ повеќе нема да биде потребен, а Европа ќе премине на гас од шкрилци. Таа не разбира што зборува“, се кажува во пораката.
Претходно Грибускајте предвиде скорешни промени на енергетскиот пазар и ѝ посоветува на Европа да отвори терминали за течен гас.
Освен тоа, таа изјави дека Русија веќе не е стабилен економски партнер.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче