Претседателот на Државната дума на РФ Сергеј Наришкин за време на заседанието на Парламентарното собрание на Русија и Белорусија изјави дека Украина со своето гласање против резолуцијата на ООН, со која се осудува нацизмот, навредила милиони Украинци кои загинаа во Втората светска војна.
„Имено Украина заедно со САД и Канада во ООН гласаше против усвојувањето на овој документ, што не е ништо друго освен навреда за милионите Украинци кои ја бранеа својата татковина и го дадоа својот живот за време на Втората светска војна“, изјави Наришкин, а пренесува „Росијска газета“. Според зборовите на претседателот на Државната дума на РФ, гласањето против резолуцијата е сериозен предизвик упатен кон целиот цивилизиран свет и современите идеи за интеграција.
Тој потсети дека во 2015 година се одбележуваат 70 години од Победата во Втората светска војна и дека народите на СССР овој празник го заслужија со своите неверојатни напори, страдања и огромни жртви. „За жал, тажно е да се набљудува што се случува во братска Украина, во земјата во која фашистите и бандеровците правеа злосторства. Бранот бранот на противуставниот државен преврат се покажува и главата на агресивниот национализам кој сее раздор меѓу словенските народи“, додаде Наришкин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.