МНР на РФ: САД не ја кријат желбата за промена на власта во Русија

Од почетокот на новиот мандат на претседателот Барак Обама, политиката на „ресетирање“ на односите со Русија замина во заборав.

Соединетите Држави не кријат дека имаат цел да создадат услови за промена на власта во Русија, па затоа се обидуваат да „им ги заврзат рацете“ на своите сојузници за да можат тие слободно да продолжат со спроведувањето на политиката против Москва, изјави заменикот министер за надворешни работи на Русија Сергеј Рјабков за време на расправата во парламентот на тема „Русија - САД: Привремено заострување на односите или нова студена војна“.

Според зборовите на овој дипломат, од почетокот на новиот мандат на претседателот Барак Обама, политиката на „ресетирање“ на односите со Русија замина во заборав. „Што се однесува до реалноста во руско-американските односи, таа изгледа вака: односите започнаа да се рушат уште пред Украина. И тоа не се случи поради вина на Русија“, изјави Рјабков. „Тежнеењето Русија да се одвои од земјите на Заедницата на независни држави, која отсекогаш беше меѓу приоритетите на американската надворешна политика, од почетокот на оваа година кулминираше со нова сила и агресивност“, пренесува РИА Новости.

„Не сме подготвени да направиме отстапки пред САД во поглед на принципиелните прашања, но сме подготвени да бараме рамнотежа на интересите и заеднички именител таму каде што е можно. Тоа значи дека одговорот на прашањето дали сегашната состојба ќе продолжи и историчарите ова време ќе го опишат како „втората студена војна“, во целост зависи од САД. Ние не сакаме судири, но нема да правиме отстапки во поглед на принципиелните прашања“, изјави Рјабков. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња