Медиуми: „Гаспром“ не ја прекина во целост реализацијата на Јужен тек

„Гаспром“ не брза со прекинот на реализацијата на проектот Јужен тек.

„Гаспром“ не брза со прекинот на реализацијата на проектот Јужен тек и засега формално е прекината само работата на бродот кој требаше да го состави гасоводот по дното на Црното море, кој, впрочем, не ни започна со работа, соопшти за „Ведомости“ извор близок до Министерството за енергетика на Русија. Според информациите на овој весник, на земјите учеснички во проектот засега не им се испратени предлози за поништување на договорот. Портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков не потврди дали ќе следат вакви предлози.

Кој настрада од откажувањето од Јужен тек

Најавено е дека во вторник на 9 декември ќе се состанат министрите за енергетика на земјите учеснички во Јужен тек (без Русија) за да разговараат за судбината на проектот. По оваа средба ќе бидат разгледани понатамошните чекори, изјави извор близок на „Гаспром“.

Италијанската компанија "Saipem", во која 43% од акциите припаѓаат на гигантот "Eni" и која е главен изведувач на работите околу изградбата на првиот крак од гасоводот, на 5 декември доби известување за прекин на работата во црноморската делница на Јужен тек. Истовремено претставниците на конзорциумот "South Stream Transport B.V.", кој е одговорен за изградбата на црноморската делница, објавија дека е повлечен од работа бродот за поставување на гасоводот "Castoro Sei", кој не ја ни започна изградбата, туку само се подготвуваше за почеток на истата. Никакви други промени во проектот засега не се направени. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња