Во Русија ја легализираа „воздушната“ пица

Суд оправда бизнисмен во Русија кој испорачувал пица со помош на квадрокоптер.

Суд во Русија го отфрли решението за казна против претприемач поради превезување пица со помош на мини хеликоптер без лиценца. Московскиот претприемач, кој претходно победи на суд, изјави за „Газета.ру“ дека отсега ќе може да продава „воздушна“ пица и во главниот град на Русија.

„Секако, планираме да испорачуваме пица преку воздух. Сега сакаме да започнеме со испорака во Москва. Ние самите отворивме локал каде може да дојде секој кој сака и да си нарача пица, а истата ќе биде испорачана со квадрокоптер“, соопшти Олег Понфиленко, сопственик на пицеријата.

Кривичната пријава Понфиленко ја добил од градот Сиктиквар поради тоа што „вршел превезување без лиценца и дека дронот го нарушувал воздушното пространство на градот“.

За прв пат пиците биле испорачувани во градот Сиктиквар на 20 јуни. Како што се пренесува на официјалната интернет-страница на „Коптер-Експер“, „дронот успешно се справил со својата задача за половина час, испорачувајќи ја пицата на централниот плоштад во градот“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија