Путин: Русија го поддржува територијалниот интегритет на Украина

Претседателот на Русија Владимир Путин изјави дека властите на Украина треба да прекинат на било кој начин да го блокираат југоистокот на земјата.

Претседателот на Русија Владимир Путин изјави дека властите на Украина треба да прекинат на било кој начин да го блокираат југоистокот на земјата, бидејќи тоа го доведува под знак прашалник територијалниот интегритет на земјата, пренесува ТАСС.

„Тргнувам од очекувањето дека повторно ќе се воспостави нормалниот економски живот и дека елементите на било каква блокада на овој регион ќе бидат елиминирани од секојдневниот живот“, изјави претседателот на Русија по средбата со својот француски колега Франсоа Оланд во Москва.

„Во спротивно, тешко може да се замисли територијалниот интегритет на Украина. Русија, како што е познато, го поддржува територијалниот интегритет на Украина“, додаде Путин. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња