Претседателот на Русија Владимир Путин разговараше по телефонот со премиерот на Унгарија Виктор Орбан и претседателот на Србија Томислав Николиќ за перспективите на понатамошната соработка во енергетската сфера по прекинот на проектот „Јужен тек“, соопшти прес-службата на Кремљ, а објави РИА Новости.
„Претседателот на Руската Федерација Владимир Путин изврши телефонски разговори со премиерот на Унгарија Виктор Орбан и претседателот на Србија Томислав Николиќ. Разговарано беше за актуелните прашања на билатералната соработка, како и за перспективите на понатамошната соработка во енергетската сфера по прекинот на реализацијата на „Јужен тек“, се кажува во соопштението.
Претходно претседателот на Србија Томислав Николиќ изрази желба да зборува директно со претседателот на Русија Владимир Путин околу проектот за изградба на гасоводот „Јужен тек“.
Претседателот Владимир Путин на 1 декември изјави дека Русија засега не може да продолжи со реализацијата на „Јужен тек“ поради неконструктивната позиција на Европската унија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче