Претседателот на Србија Томислав Николиќ изрази желба да зборува директно со претседателот на Русија околу проектот за изградба на гасоводот „Јужен тек“, изјави претседателот на Србија во интервју за „Вечерње новости“.
„Иницирам директен контакт со претседателот Путин“, забележа претседателот Томислав Николиќ.
Српскиот претседател подвлече дека тој е русофил, но тоа не значи дека ќе ги игнорира интересите на својата држава.
Томислав Николиќ претходно изјави дека Србија има намера сериозно да разговара со Русија и со Европската унија околу изградбата на гасоводот. Постојаниот претставник на Русија во ЕУ Владимир Чижов забележа дека Москва ќе одржи преговори со оние држави кои изразиле загриженост поради откажувањето на проектот „Јужен тек“:
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче