Претседателката на Литванија Далја Грибускајте изјави дека во блиска иднина не сака да разговара со претседателот на Русија Владимир Путин, пренесува Delfi.
Претседателката забележа дека сѐ додека Русија не го промени своето однесување, таа нема да разговара со Путин.
„Во блиска иднина тоа нема да се случи“, изјави Грибускајте.
Таа додаде дека ќе разговара само доколку Русија ја промени својата политика.
На 20 ноември во интервју за локална радио станица, Грибускајте ја нарече Русија „терористичка држава“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче