Западни медиуми: Запад го повикува НАТО да ги „рестартира“ воените односи со Русија

Портпаролот на НАТО Оана Лунгеску појасни дека во моментов постои неопходност за „постојана комуникација“ на воените претставници на НАТО и Русија за да се избегнат инциденти.

Западните влади го повикуваат НАТО да ги разгледа воените односи со Русија, бидејќи во Европа почнуваат да се плашат од сѐ поголемото оддалечување од Москва и зголемување на и онака веќе затегнатите односи, пишува The Wall Street Journal. Како што пишува весникот, станува збор за нова иницијатива од страна на шефовите на МНР од земјите кои се членки на НАТО. Тие сметаат дека треба да се создаде механизам за регулирање на кризните ситуации, се кажува во статијата.

На Русија и на НАТО им требаат правила за коегзистенција

Предложениот проект потсетува на времињата на „Студената војна“, кога меѓу Москва и Вашингтон функционираат „црвени линии“, пишува изданието. На тој начин СССР и САД можеа да избегнат „случајности или неразбирање“, кои би можеле да се заканат со посериозен конфликт.

Портпаролот на НАТО Оана Лунгеску појасни дека во моментов постои неопходност за „постојана комуникација“ на воените претставници на НАТО и Русија за да се избегнат инциденти.

Рускиот постојан претставник во НАТО Александар Грушко изјави дека ако НАТО планира да ја предложи идејата за било какви форми на воени контакти, „тогаш нашето воено раководство ќе ја разгледа таквата можност“.

Претходно министерот за надворешни работи на Германија Франк Валтер Штајнмаер изјави дека постои неопходност од создавање на нов канал за дијалог меѓу НАТО и Русија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња