Унгарскиот премиер ја обвини ЕУ за саботажа на „Јужен тек“

Виктор Орбан претходно истакна дека САД вршат силен притисок врз Унгарија поради нејзините енергетски врски со Русија.

Премиерот на Унгарија Виктор Орбан ја обвини Европската унија за саботажа на проектот „Јужен тек“, јавува Ројтерс. „Европската унија постојано се труди да го саботира овој проект“, изјави унгарскиот политичар.

Унгарија активно се залага за реализација на „Јужен тек“, а нејзината борба против саботерите на овој проект унгарскиот премиер ја спореди со борбата меѓу Давид и Голијат.

Виктор Орбан претходно истакна дека САД вршат силен притисок врз Унгарија поради нејзините енергетски врски со Русија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња