Шефот на „Гаспром“ Алексеј Милер изјави дека отвореното блокирање на „Јужен тек“ е осмислена политика на Европската унија.
„Што се однесува до обвинувањата за прекин на проектот... Решението е донесено поради отвореното блокирање и дополнителни услови, кои ја прават неговата реализација невозможна. И, секако, тоа е однапред осмислена политика на Европската унија. На 17 април годинава Европскиот парламент донесе резолуција за забрана на „Јужен тек“, изјави Милер, а пренесува РИА Новости.
Претходно премиерот на Унгарија Виктор Орбан ја обвини Европската унија за саботирање на проектот за изградба на гасоводот „Јужен тек“.
На 1 декември претседателот на Русија изјави дека работите околу реализацијата на „Јужен тек“ прекинуваат.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.