Франција никогаш нема да ги испорача „Мистралите“ на Русија

Франција може да се откаже од испораката на носачите на хеликоптери „Мистрал“ на Русија и да ги задржи бродовите за себе.
Русија остана без „Мистралите“

Франција може да се откаже од испораката на носачите на хеликоптери „Мистрал“ на Русија и да ги задржи бродовите за себе. Сѐ ќе зависи од развојот на случувањата во Украина. Ова за телевизискиот канал BFMTV го изјави министерот за одбрана на земјата Жн Ив Ле Дриан.

„Можеби и никогаш нема да ги предадеме бродовите, и Русија знае за тоа“, изјави тој, додавајќи дека властите со посебно внимание ја следат украинската криза.

„Денес нема услови за испорака на ’Мистралите’. Сепак, тие можат да се појават“, изјави чиновникот.

Претходно Дмитриј Рогозин соопшти дека Русија ќе се откаже од купување воена техника од странство по ситуацијата со „Мистралите“.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња