ЕУ ги ублажи санкциите кон руските банки

Дали попушта санкциската стега?

Европската унија ги ублажи санкциите кон руските банки и нивните филијали. Отсега тие ќе можат да земаат кредити чиј период на исплата може да биде и повеќе од 30 дена. Оваа информација доаѓа од Службениот весник на Европската унија, пренесува „Газета.ру“.

 

Давање долгорочни кредити и заеми е можно само доколку паричните средства бидат искористени за поддршка на кредитната способност и ликвидност на правните лица кои се регистрирани на територијата на ЕУ.

Претходно ЕУ воведе санкции кон Сбербанк, ВТБ, Газпромбанк, ВЕБ и Роселхозбанк. На европските банки им беше забрането да ги кредитираат руските банки кои се најдоа под санкции. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња