Ерменското национално собрание го ратификуваше договорот за зачленување на државата во Евроазиската економска унија, пренесува РИА Новости.
![]() |
Светот стапува во епоха на практична мултиполарност |
За ратификацијата гласаше мнозинството од присутните пратеници на седницата: 103 се изјасниле „за“, а седум - „против“.
Изјавено е дека наскоро договорот ќе биде ратификуван и во рускиот парламент. Шефовите на двете држави го потпишаа договорот на 10 октомври.
Во составот на унијата влегуваат Русија, Казахстан, Белорусија и Ерменија. Евроазиската економска унија има цел да ги засили економиите на државите-членки, како и модернизација и зголемување на конкурентноста на овие држави на светскиот пазар. До крајот на 2014 година во ЕЕК планирано е да се приклучи и Киригстан, а желба за приклучување пројави и Таџикистан.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.