Кинеските организации му предложија на Роскосмос да спроведе неколку заеднички проекти на Меѓународната вселенска станица. Станува збор за истражувања кои предвидуваат и бараат долг престој на кинески специјалист на Меѓународната вселенска станица.
„Кинеските партнери ни испратија на разгледување повеќе од десет проекти кои предвидуваат истражувачки програми на Меѓународната вселенска станица“, изјави за „Известија“ извор во Роскосмос. „Тие предлагаа да се организира и изврши долг престој на МВС од страна на кинески тајконаут“. Некои проекти се многу оригинални. На пример, има предлог да се тестираат во вселената ефектите на традиционалната кинеска медицина. Претставниците на Кина сакаат да испратат на МВС квалифициран доктор кој би можел да практикува соодветни видови масажа и акупунктура. Се претпоставува дека таквите сеанси ќе помогнат околу справувањето со последиците од престојот во бестежинска состојба.
Според изворот на „Известија“ во Роскосмос, предлогот за истражувањето на МВС е даден од страна на Кинескиот национален вселенски институт, како и од научните организации во Кина, вклучувајќи го и Пекиншкиот универзитет.
„Предлозите кои ги добивме ги пративме на експертиза во институтите на Руската академија на науки, вклучувајќи го и Институтот за медицинско-биолошки проблеми“, изјави изворот во Роскосмос. „Чекаме мислење од научниците, а самите не сме против спроведување на заеднички програми со кинеските партнери“.
Заедничките планови на МВС го вклучуваат само рускиот сегмент на Меѓународната вселенска станица, бидејќи истите можат да наидат на неочекувани реакции од страна на основниот партнер на Русија на МВС – НАСА. САД во 90-те години го блокираа учеството на Кина на Меѓународната вселенска станица.
Односите меѓу Русија и Кина во вселенската сфера почнаа интензивно да се развиваат годинава по воведувањето на технолошки санкции против руската одбранбена и вселенска индустрија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче