Дописник на CNN е изненаден од бескомпромисниот говор на Путин

Дописникот на CNN очекувал дека претседателот на Русија ќе зборува за економската криза.
Путин вети отпор на надворешниот притисок

Според мислењето на Метју Чан, дописник на CNN, сите кои очекувале дека Владимир Путин ќе заземе поблаг став кон Западот - останале разочарани по обраќањето на рускиот претседател во Федералното собрание. Самиот новинар истакна дека е изненаден од овој „дрзок“ говор и смета дека е можно Путин да го продолжи судирот со САД за да го зајакне својот имиџ во Русија.

Дописникот на CNN очекувал дека претседателот на Русија ќе зборува за економската криза и останал изненаден откако Владимир Путин не посветил внимание на таа тема.

„Можеби наместо да ја решава кризата, или поради тоа што не може да ја реши, наместо да го омекне односот со Западот - тој се обидува да ја зголеми затегнатоста, бидејќи е тоа доста популарно... се јакне националната гордост и се поткрепува имиџот на моќен лидер“, пренесува RT. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња