Аналитичар на Global Research: Путин победува во новата Студена војна

Ракеш Кришнан Симха смета дека успехот на рускиот лидер може да се лоцира на две нивоа – стратешки правилните решенија и неговото справување со влошените односи со Западот.

Во светот живеат 7,2 милијарди луѓе, а САД се плашат само од еден – претседателот на Русија Владимир Путин. И сето тоа поради тоа што рускиот лидер нанесе силен удар по Западот. Благодарејќи на стратешката далековидост на Путин и неговата администрација, Русија победува во новата Студена војна, пишува аналитичарот во весникот Global research, Ракеш Кришнан Симха.

Авторот на статијата смета дека успехот на рускиот лидер може да се лоцира на две нивоа: стратешки правилните решенија и неговото справување со влошените односи со Западот.

Прво, Русија се откажа од вмешување во вооружениот конфликт во Украина, што доста го огорчи Вашингтон, кој се искрено се надеваше да ја вовлече Русија во регионален конфликт во Европа, забележува авторот.

Економијата на САД е воена економија, пишува во статијата. Цитирајќи ги зборовите на советникот за економски прашања Сергеј Глазјев, авторот пишува дека залог за економското чудо на САД се војните во Европа – Првата светска, Втората светска и Студената војна. Како контрамерка, Глазјев предложи да се нанесе удар врз главната сила на американската воена машина – машината за печатење пари во Федералните резерви на САД.

Затоа, како што пишува Симха, врз основа на БРИКС ќе биде создадена Банка за развој – алтернативен меѓународен институт кој ќе стане моќен конкурент на американскиот ММФ и Светската банка.

Второ, Путин ја користи стратегијата на асиметричен одговор. Путин е џудист и прецизно ја користи философијата на Истокот во судирот меѓу државите – тој добро знае како да ја користи силата на противникот против самиот противник. САД зедоа врз себе огромна задача да се спротивстават на Русија и да го намалат динамичниот раст на БРИКС државите. Со самото тоа Западот се најде во стапица, смета авторот. Според статијата, САД и понатаму ќе се обидуваат да ја ослабат Русија, намалувајќи ја вредноста на рубљата и цената на нафтата, бидејќи Русија е единствена пречка за Белата куќа на патот кон глобална хегемонија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња