Западни медиуми: откажувањето на Русија од „Јужен тек“ предизвика шок во Европа

Државите на Источна Европа се избезумени од решението на Русија да се откаже од изградбата на гасоводот „Јужен тек“.

Проектот на гасоводот „Јужен тек“ е најголема жртва како резултат на кризата во Украина, пишува The Financial Times.

На средбата на дипломатите од ЕУ во вторникот во Брисел, претставникот на Унгарија се обрати до новиот шеф на МНР на ЕУ Федерика Могерини со прашањето: „На почеток Nabucco, а сега „Јужен тек“. Што да правиме сега?“

Нереализираниот проект Nabucco во Европа беше затворен минатото лето. Министерот за надворешни работи на Унгарија Петер Сијарто изјави дека треба да се бараат алтернативни извори на гас, вклучувајќи го и Азербејџан.

Премиерот на Србија Александар Вучиќ изјави дека затворањето на „Јужен тек“ е лоша вест за Белград, додавајќи дека планира наскоро да бара можност за преговори со Владимир Путин. „Србија инвестираше седум години во овој проект, и сега треба да платиме голема цена за конфликтот на големите (држави)“, ги пренесува весникот зборовите на српскиот премиер.

Страдаат интересите на италијанските, германските и австриските компании-ационери во „Јужен тек“, забележува The Financial Times.

Во понеделникот претседателот на РФ Владимир Путин за време на преговорите во Турција изјави дека Русија не може да продолжи со реализација на „Јужен тек“, најмногу поради неконструктивната позиција на ЕУ. Тој забележа дека Бугарија сѐ уште нема дадено дозвола за изградба на гасоводот во оваа земја. Шефот на „Гаспром“ Алексеј Милер изјави дека проектот „Јужен тек“ е затворен.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња