Светската банка даде прогноза за руската економија во 2015

Банката остава простор за промена на прогнозата поради нестабилноста на светските нафтени и финансиски пазари.

Светската банка објави ревидирана прогноза за растот на руската економија. Според новата прогноза, во 2015 година се очекува стагнација наместо претходно планираните 0,3% економски раст. Причините за тоа се падот на светските цени на  нафтата, санкциите и намалената побарувачка, се кажува во соопштение од организацијата, а пренесува „Газета.ру“.

Банката остава простор за промена на прогнозата поради нестабилноста на светските нафтени и финансиски пазари, како и поради бавниот, но сѐ поголем раст на светската економија.

Светската банка смета дека најголем ризик за влошување на прогнозата следната година е намалувањето на средната цена на нафтата до 85 долари за барел. „Прогнозираме дека темпото на економски раст во 2015 година ќе се намали и ќе изнесува околу 0%“, се наведува во соопштението. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња