Во ноќта меѓу 3 и 4 декември во престолнината на Чеченија терористите со три возила нападнаа пункт на сообраќајната полиција, пренесува РИА Новости.
Во судирите, според различни извори, загинаа од тројца до седум припадници на полицијата. Потоа седум терористи се скриле во Домот на печатот во центарот на градот. Зградата во текот на ноќта беше опколена и тие беа елиминирани. Уште неколку терористи се скрија во зградата на училиштето број 20, која исто така се наоѓа во близина. Припадниците на антитерористичките единци преземаат мерки за нивна неутрализација.
Според зборовите на претседателот на Чеченската Република Разман Кадиров, терористите планирале да извршат терористички напад на 12 декември на Денот на Уставот.
Елиминирањето на терористите го потврди и Националниот антитерористички комитет (НАК). Комитетот соопшти дека се преземаат мерки за неутрализирање на екстремистите кои се скриле во средното училиште во Грозни.
Како што соопштува LifeNews, членови на терористичката група во населбата Шалажи повикале три такси возила, ги врзале возачите, им ги одзеле мобилните телефони и ги зеле автомобилите.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче