Бугарија ќе изгуби до 750 милиони долари годишно поради откажувањето од „Јужен тек“

Поранешниот министер за енергетика смета дека решението на Бугарија е донесено под притисок однадвор.

Бугарија може да изгуби до 750 милиони долари годишно поради откажувањето од проектот „Јужен тек“, изјави поранешниот министер за енергетика на Бугарија Румен Овчаров во интервју за Russia Today.

Поранешниот министер се плаши дека „доколку гасоводот ја промени рутата и помине низ територијата на Турција, тогаш Бугарија ќе изгуби потенцијални 600 милиони долари годишно, но и реални 140-150 милиони долари кои може да ги добие од транзитот на гасот“, изјави тој во интервју за телевизискиот канал.

„Не сум уверен дека Бугарија самостојно го донесе решението за откажување од гасодовот. Сметам дека таа е диктирана под влијание однадвор. Бугарија е единствената држава во составот на ЕУ низ која требаше да помине „Јужен тек“, а која не успеа да ги заштити своите национални интереси“, подвлече Овчаров. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња