Белград очекува почеток на преговорите меѓу Србија и Русија околу „Јужен тек“

Србија има намера сериозно да разговара со Русија околу „Јужен тек“.
Кој настрада од откажувањето од Јужен тек

Белград очекува дека преговорите за прекинот на изградбата на „Јужен тек“ ќе започнат наскоро, пренесува РИА Новости, повикувајќи се на изјавата на амбасадорот на Србија во Москва Славенко Терзиќ.

„Очекуваме деновиве овие преговори да започнат со учество на раководителите на Русија и Европската унија“, изјави дипломатот.

Србија има намера сериозно да разговара со Русија околу „Јужен тек“. Премиерот на Србија Александар Вучиќ изјави дека решението на Русија за затворање на проектот „е лоша вест за државата“, бидејќи во него се вложени многу напори во последниве седум години. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња