Падот на рубљата може да предизвика политички проблеми во Русија, пишува The Wall Street Journal. Како што пишува весникот, во понеделникот руската национална валута падна за 6%, а од почетокот на годината намалувањето на вредноста изнесува околу 40%.
Претходно беше соопштено дека средниот курс на доларот во однос на рубљата се зголемил за 1,04 рубљи - до 50,76 рубљи за 1 долар. Исто така, соопштено е дека цената на нафтата Brent пораснала до 73 долари за барел.
Како што пишува весникот, причина за понеделничкиот пад на рубљата се цените на нафтата и последиците од финансиските санкции на САД и ЕУ против Москва. Од една страна, ваквата валутна „слабост“ ѝ помага на Русија да добие повеќе рубљи од приходите од нафтата и гасот, се кажува во статијата. Од другата страна, приватниот сектор доживува голем притисок, пишува весникот, додавајќи дека понатамошното намалување на курсот на рубљата може да доведе до уште поголем одлив на капитал од земјата.
Русите сега плаќаат повеќе за увозни стоки, а растечките цени можат да создадат политички проблеми за Москва, се подвлекува во материјалот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче