Помошникот на претседателот на САД за национална безбедност Сузан Рајс изјави дека Русија се откажа од „Јужен тек“ поради санкциите и економската состојба, пренесува РИА Новости.
Оваа изјава Рајс ја даде на конференција во Вашингтон.
„Руската економија годинава се соочува со проблеми. Курсот на рубљата падна за 37%, се зголеми одливот на капитал, Меѓународниот монетарен фонд дава не многу добри прогнози“, забележа политичарот, додавајќи дека „економијата е погодена од меѓународните санкции кон Русија“.
Претходно беше објавено дека европските компании ќе изгубат минимум 2,5 милијарди евра од прекинувањето на проектот „Јужен тек“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.