Русија и Индија ќе потпишат околу 15 договори за време на посетата на Владимир Путин во Делхи, пренесува ТАСС.
Оваа изјава ја даде амбасадорот на Русија во Индија Александар Кадакин.
„Посетата ќе биде содржински исполнета. Се очекува потпишување на околу 15 билатерални документи, вклучувајќи документи за соработка во воено-техничката сфера“, подвлече дипломатот.
Според неговите зборови, се очекува потпишување на договори во областа на нуклеарната енергија.
Посетата на рускиот претседател Владимир Путин ќе се одржи во текот на овој месец. Конкретната дата на посетата не е објавена.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче