Претседателката на Литванија Далја Грибускајте ги нарече дејствата на Русија демонстрација „не на моќ - туку на глупост“, пренесува Delfi.
„Тоа не е демонстрација на моќ - да не се радуваме на тоа. Тоа е демонстрација на глупост, неодговорно однесување - ете баш тоа е тоа“, изјави Грибускајте.
Претходно министерството за одбрана на Холандија изјави дека два авиона F-16, кои патролирале над балтичките држави, пресретнале руски транспортен авион „Ил“ во воздушното пространство на Естонија и Литванија.
Покасно Министерството за одбрана на Русија ја негираше оваа информација.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче