Киев е задоволен од затворањето на проектот за гасоводот „Јужен тек“, по кој во Европа требаше да се слева рускиот гас, заобиколувајќи ја Украина, пренесува РИА Новости, повикувајќи се на официјалниот претставник на МНР на Украина, Евгениј Перебијнис.
„Сметаме дека решението на Европската унија за откажување од овој проект е логично и урамнотежено. Украина секогаш изјавуваше дека е сигурна држава за транзит на гасот. Тоа повеќепати го докажавме, и сега го потврдуваме - како за време на преговорите со ЕУ, така и со Русија. Нашите намери се да ги исполниме обврските околу транзитот на енергенсите во Европа“, забележа Перебијнис.
Соопштено е дека европските компании ќе изгубат минимум 2,5 милијарди евра од затворањето на „Јужен тек“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче