Михаил Ходорковски изјави дека санкциите на западните држави против Русија се голема грешка, соопштува РИА Новости.
„Сметам дека санкциите против Русија се голема политичка грешка. Ми се чини дека е бесмислено воопшто да постојат истите. Логиката е во тоа дека ако рускиот народ живее подобро, тогаш побрзо ќе сфати колку се лоши неговите раководители - и тоа ми се чини сосема неприфатливо“, изјави поранешниот раководител на ЈУКОС.
Според него, стратешки овие санкции не доведуваат до разрешување на конфликтот, туку обратно - „го тераат рускиот народ да се сврти уште повеќе против Европа“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче