Компаниите Danone и PepsiCo станаа најновите „жртви“ на политиката против западните фирми во Русија, пишува The Financial Times.
Претходно Danone побара од министерот за земјоделство на Русија Николај Фјодоров да ги објасни зборовите дека организацијата му нанесува штета на рускиот произведувач на млеко.
„По спојувањето на млечниот бизнис на Danone со „Јунимилк“, Министерството за земјоделство во Русија забележа намалување на обемот на купено свежо млеко во неколку субјекти на Руската Федерација. Експресната реакција на компанијата Danone дава до знаење дека произведувачот, откако беше објавено во весниците за проблемите на рускиот произведувач на млеко, се најде себеси во извештајот“, изјави директорот на одделот за одгледување животни Владимир Лабинов.
Како што забележува британскиот весник, Danone и PepsiCo се едни од најголемите инвеститори во Русија. PepsiCo дојде на рускиот пазар уште во советскиот период, а во 2011 година таа плати 3,8 милијарди долари на руската група „Вим-Бил-Дан“. Тоа е најголемата зделка во историјата на оваа компанија во странство.
Јавен коментар од PepsiCo околу изјавата на Фјодоров засега нема. Како што пишува весникот, најпозната „цел“ на политиката против западните компании во Русија е Мекдоналдс.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче