Просечниот животен век во Русија изнесува 71,6 години, изјави министерката за здравство на Русија Вероника Скворцова, пренесува ТАСС.
„Главен резултат на нашите напори е зголемувањето на просечниот животен век од 70,8 години во 2013 година до 71,6 години во 2014 година. За прв пат од 1991 година во Русија има природен раст на населението“, забележа министерката.
„Од 2013 година започна државната програма за развој на здравството во Русија до 2020 година. Во изминатиот период за 4% се намали смртноста кај населението“, изјави Скворцова. Според нејзините зборови, „значајно е зголемен наталитетот - населението на Русија порасна за 25.000 во 2013 година“. Министерката забележа дека таков резултат е постигнат за прв пат во последниве 30 години.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче