Партијата која освои најмногу гласови на изборите во Молдација, Партијата на социјалистите, планира да иницира во новиот парламент референдум за зачленување на Молдавија во Царинската унија, како и откажување на договорот за евроасоцијација, пренесува РИА Новости.
„Социјалистите победија на изборите, докажувајќи со тоа дека избирачите кои гласале за нив сакаат членство во Царинската унија“, изјави на конференцијата за печатот шефот на партијата Игор Додон.
Тој забележа дека по иницијатива на партијата во парламентот ќе се најдат на дневен ред и прашањата за датумот на зачленување на Молдавија во Царинската унија, како и укинување на договорот за асоцијација со Европската унија.
Освен ова, социјалистите планираат зголемување на пензиите во републиката, како и итно решавање на проблемот со извозот на земјоделски производи во Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче