Европската комисија бара од Русија објаснување во врска со затворањето на „Јужен тек“

Официјалниот претставник на МНР на Русија Александар Лукашевич не даде никакви дополнителни објаснувања.

Европската комисија очекува објаснување од Русија во врска со откажувањето од проектот „Јужен тек“. „Очекуваме детали. Не е Брисел тој кој треба да коментира дали ’Јужен тек’ е мртов или не“, изјави претставничка на Европската комисија, а пренесува vz.ru.

Бугарските власти сметаат дека проектот е сѐ уште актуелен, бидејќи не добиле официјална изјава од Москва. „За мене проектот ’Јужен тек’ сѐ уште не е затворен. Уште не сме добиле официјална изјава од Москва“, ги пренесува ТАСС зборовите на Божидар Лукарски, бугарски министер за економија.

Официјалниот претставник на МНР на Русија Александар Лукашевич не даде никакви дополнителни објаснувања. „Мислам дека претседателот сосема јасно се изјасни дека никого не можеме да го присилиме да соработува. Ние ќе најдеме други форми на реализација на нашите планови поврзано со извозот на гас во други региони. За последиците од откажувањето од ’Јужен тек’, пред сѐ, треба да размислуваат оние кои го уништија проектот“, изјави Лукашевич, а пренесува РИА Новости. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња